Божјата милост насекаде нека ве прати, нека за доброто со добро ви се врати Христос насекаде да ве води, Среќен Божиќ, Христос се роди.
Денешниот блажен ден нека ви биде радосен! Божиќ вратата да ви ја злати, секогаш среќа нека ве прати. Ангел срцето кон љубов нека го води, мир божји,
Христос се роди.
Рана зора додека се руди, коледарска песна вас нека ве буди.
Среќа и радост Господ нека дари, полна софра, а и многу пари...
Нека бадниковата вечер го избрише сето она што сакаш да го заборавиш, а божиќното утро ти исплете венец од здравје, среќа, љубов и божји благослов!
Во телото здравје, во душата мир, во мислите радост, во срцето младост,во љубовта среќа. Сето ова го рекол Исус кога се родил и навистина се роди.
Додека последниов бадников ден догорува, слушни го Господ што ти зборува, следи го патот на срцето што те води, Среќен Божиќ - Христос се роди.
Правила на користење | За СМС Пораки