Марфиеви закони

Дел каде што ќе најдете доста интересни Марфиеви закони. Инаку Марфиев закон претставува еден вид на поговорка, или смешна саркастична(баксузна) ситуација т.е. начин на изразување или опишување на некоја ситуација во која нешто неочукувано ќе се случи.

Законот го добил името по познатиот американски мајор Едвард Марфи и по неговиот најпознат закон „Ако тргни нешто наопаку, и ќе тргни наопаку.“

Марфиеви закони 02 дел

  • Кога ќе носиш чадор со себе дожд не заврнува.
  • Додека дојдеш на ред правилата ќе се сменат.
  • Забоболката почнува секогаш в сабота навечер.
  • Кога авионот со кој слетуваш доцни, а оној со кој треба да полеташ стасал на време.
  • Должината на бракот е обратнопропорционална со трошоците за свадбата
  • Кога еден апарат ќе се поправи одма друг се расипува.
  • Додека да дојдеш на ред, правилата ќе се сменат.
  • Никогаш не го покажувај трикот со картите пред луѓе со кои играш покер.
  • Колку повеќе ќе заостанеш, толку повеќе време ќе имаш за надокнадување.
  • Кога камерата ќе биде фокусирана на машки спортист, тој тогаш почнува да се чеша, да се “фаќа” и да плука.
  • Ако не шутнеш, нема да можеш да дадеш гол.
  • Ќе научиш да пцуеш откако ќе научиш да возиш.
  • Кога на малтерот ќе му ставиш доволно вода, тогаш ќе почне да врне дожд.
  • Ако се брзаш да фатиш краток ред тој одеднаш станува долг.