Марфиеви закони

Дел каде што ќе најдете доста интересни Марфиеви закони. Инаку Марфиев закон претставува еден вид на поговорка, или смешна саркастична(баксузна) ситуација т.е. начин на изразување или опишување на некоја ситуација во која нешто неочукувано ќе се случи.

Законот го добил името по познатиот американски мајор Едвард Марфи и по неговиот најпознат закон „Ако тргни нешто наопаку, и ќе тргни наопаку.“

Канцелариски марфиеви закони

- Штом седнеш да се напиеш кафе, шефот ќе побара да направиш нешто што трае токму толку да се олади кафето.

- Ненадејно добиеното слободно време секогаш залудно се губи.

- Никогаш не минувај низ ходникот на управната зграда без лист хартија во рака.

- Краен рок е една недела по планираниот краен рок.

- Никогаш не преговарај пред 10 наутро ниту пак после 4 попладне.
Пред 10 изгледаш премногу напнато, а после 4 мислат дека си очаен.

- Идеалниот кандидат се појавува еден ден по вработување на просечниот.

- На која и страна да се завртиш кога влегуваш во лифт, копчињата ќе бидат на спротивната.

- Штом го спуштиш багажот лифтот стигнува.

- Штом направиш некому услуга, тоа ќе стане твоја работа.

- Ако документот е доверлив, ќе го заборавиш во машината за фотокопирање.

Може да ве интересира и: