Љубовни смс пораки

Искрено те сакам...

Нездраво, несватливо, тотално, незамисливо, ненормално, лудо, волшебно, крајно, неодоливо, фамозно, искрено ТЕ САКАМ.

Ако постои...

Ако постои сјај, тоа е во твоите очи. Ако постои тага, тоа е животот без тебе. Ако некој е сакан, тоа си ТИ.

Сакам да те допирам...

Сакам да те допирам, да те гледам, да те нервирам, да ти го окупирам мозокот. Сакам да те мазам, пазам, размазам, не сакам да те молам, ама сакам да те сакам.

Ти сега мислиш како...

ХА! Еве ти стигна порака и ти сега мислиш како некој мисли на тебе? Е никој не мисли на тебе, никому не му е гајле за тебе и баш никој не те сака ....... ПОВЕЌЕ ОД МЕНЕ!

Никогаш нема да се смени...

Кога ќе остарам, многу работи ќе се сменети.. косата, очите, кожата, усните, ама никогаш нема да се смени срцето мое што чука за ТЕБЕ!

Затоа гушни ме и стисни ме јако...

Не сум од оние кои љубат полека затоа гушни ме и стисни ме јако, не се секирај љуби ме пред сите затоа што секој од нив би сакал да ме има!

Може љубов ќе се роди...

Ме гледаш, ме тераш да се насмевнам, се плашиш, а сакаш да ти се приближам. Пушти ноќта да те води кај што сака срцето. Може љубов ќе се роди ако било судено. Сакам да си моја барем вечерва, ѕвезди да ловам во твојата постела. Да те гушнам толку силно како нешто најскапо...

Повеќе: Може љубов ќе се роди...

Умирам за тебе...

Нека ме бодат ножеви во срцето, нека болката пече како пекол, нека ме закопаат со солзите на моето лице, јас знам и само тоа знам дека умирам за тебе.

Кога ќе престанеме да...

Кога ќе престанеме да постоиме ние двајца, земјата ќе остане посиромашна за една прекрасна љубов, а небото ќе биде побогато за две ѕвезди.

Две работи...

Да ги паметиш овие две работи: јас секогаш ќе бидам крај тебе, а ти секогаш ќе имаш место кај мене.

Во текот на животот...

Во текот на животот кога многу нешта ќе се променат, не заборавај го мојот лик, а уште помалку моето име и не дозволувај времето да ги избрише спомените и миговите кои ги поминавме заедно, не заборавај ги моите зборови кога прв пат ти кажав ТЕ САКАМ!