Љубовни смс пораки

Дај ми 1000...

Дај ми 1000 бакнежи, па уште 1000, па уште 1000. Кога ќе размениме милион бакнежи ќе ги измешаме заедно се додека љубоморните не ќе можат да ги пребројат.

Овој цвет е...

Кога би можел, би ти го дал цел свет, ама затоа ти го давам овој цвет, овој цвет е срцето мое што секогаш ќе биде твое.

Нашиот свет...

Ако сум далеку не значи дека не те сакам, ако те чекам значи дека си ми се на светот, ќе дојдам по тебе, ќе те фатам во лет и засекогаш ќе живееме во нашиот свет.

Посакувам да...

Посакувам да ти бидам сон во наубавите ноќи, зборот што низ усните ќе ти мине, мисла што низ главата ќе ти се мота, посакувам да бидам искра. Дел од твојот живот.

Полека ми се...

Полека ми се вовлече под кожава, во моите мисли и соништа. Неприметно, завладеа со моето срце, со мојата душа, со моето тело. И не ми е жал, зашто те сакам најповеќе.

Постои некој кој...

Постои некој кој му требаш, кој те сака и за тебе против се ќе се бори. Ако сакаш да дознаеш кој е, послушај го срцето свое и тивко искажи го името мое.

Кога ќе бидеш осамен...

Кога ќе бидеш осамен, кога ноќите ќе се долги. Ти запрашај го срцето свое дали го памети името мое.

Ако некогаш...

Ако некогаш се вратиш, ќе знаеш како љубовта гореше, тогаш ќе остане само дим, ама и не оној кој те сакаше.

Склопи ги очите...

Склопи ги очите во темнината на ноќта и најди ја светлината на ѕвездите кои ќе ме донесат во твоите сништа за кои утре вреди да се разбудиш и да ме бакнеш!

Таа ве лаже...

Ако ве праша за мене излажете ја дека умрев, зошто оној ден кога се разделивме ме повреди, а ако ви рече дека сеуште ме љуби, верувајте, ве лаже, не е така, затоа што таа тој ден ме уби.

Ти си..

Ти си зрак кој го дишам, ти си сонце кое ме грее, ти си она што постои за моето лице да се смее.