Љубовни смс пораки

Месечината ќе ти рече дека...

Месечината ќе ти рече дека мислам на тебе, ѕвездите ќе ти кажат дека си дел од мене, ветрот ќе ти ја донесе љубовта моја, а на сетоа тоа ти стави ја насмевката своја.

Во моето срце...

Убаво е чувството кога постоиш во мојот живот и не е важно колку, а ни од кога, ниту пак зошто... Убаво е да ги отвориш очите и едноставно да видиш дека си тука, во моето срце...

Надеж во вечноста...

Бог не ни ветил насмевка без солзи, пат без трње, радост без тага. Но ни дарувал ЉУБОВ кон луѓето, ВЕРА во животот, НАДЕЖ во вечноста !!!

Танцот на љубовта...

По звукот одам...треперам...очекувам немир кога една нота го разигрува срцето и ја гасам жедта кога шепотот твој ја ослободува душата...ја праќа блиску до ѕвездите, едноставно звукот на гитарата ја знае тајната... за танцот на Љубовта!

Не е важно каде си ти а каде јас...

Не е важно каде си ти а каде јас, не е важна ни оваа далечина што не дели - важно е дека си таму каде што треба да бидеш - длабоко во  моето срце!

Јас бев повредена...

Јас бев повредена кога губев. Денес сум убедена дека НИКОЈ НЕ ГУБИ НИКОГО , бидејќи НИКОЈ НЕ ПОСЕДУВА НИКОГО. Во тоа е вистинското доживување на љубовта: да се има најскапоценото нешто на светот без да се поседува!

Две воздишки во животот...

Кога би ми останале уште две воздишки во животот, едната би ја искористила за да те бакнам, а другата за да ти кажам колку те сакам.

Љубовта е сила...

Љубовта е сила, љубовта е моќ, готово дете за една ноќ.

Еден збор...

Еден збор малку е, илјада зборови многу се, два збора кажуваат се прочитај ги молим те, тие значат се. ТЕ САКАМ.

Ти си светло...

Ти си светло на мојот живот, моја вистина. Ти си снага која ми треба за да дојдам. Вербата во љубовта ми ја врати, најубаво од сите ме свати.

Колки ги посакувам...

И морето лаже ако каже дека има повеќе од моите солзи, зашто никој ен знае, па ни море, колки ги посакувам усните твои.